Секој што се зафатил со дизајн на ентериер, знае колку е тенка границата помеѓу трендовско и безвременско уредување на просторот за живеење. Иако одредени решенија за дизајн што ќе ги донесете на почетокот може да изгледаат како одлични идеи, по неколку години одредени предмети, бои или целокупниот стил може да изгледаат застарени, па прашањето е како да се избегне овој проблем.
Повеќето дизајнери на ентериер ќе се согласат со идејата да инвестираат во парчиња што се спротивставуваат на наметнатите трендови, а австралиските дизајнери на ентериер Катрина Гарет и Мили Алис, кои стојат зад проектот The Design Paddock, споделуваат корисни совети за постигнување безвременскиот изглед на просторот за живеење.
Ѕидни панели
Ѕидните панели се тренд од минатото, потенциран во постарите куќи, но во последниве години тие станаа една од главните карактеристики на модерните и традиционално украсени ентериери. Тие се популарни не само поради нивниот зачудувачки архитектонски детал, туку и затоа што успеваат да ја направат секоја соба во домот стилска и комплетна – со минимални стилски интервенции.
Природни материјали:
Кога генерално постои чувство дека нешто недостасува во просторијата, тоа најчесто може да се случи поради недостаток на текстура. Таа е таа што игра важна улога во секоја соба во домот, а со комбинирање на повеќеслоен пристап, стилот на домот станува безвременски, особено кога станува збор за природни материјали. Тие се наједноставниот начин да се донесе визуелен карактер во просторот поради нивната разноврсност и способност да се комплиментираат на различни простори.
Слоевити текстури
Слоевити текстури се тренд за кој се верува дека им се спротивставува на наметнатите трендови уште многу години. Текстурата додава длабочина и топлина на просторот помагајќи му да се чувствува комплетно. Кога составувате шеми, постојано играјте со материјали што се разликуваат во чувството на допир; на пример комбинации на тапети со мотиви од трева и лисја, кадифени софи и ткаени текстили од јута. Слоевитоста им овозможува на сопствениците на куќи да ја покажат својата личност и други елементи на изненадување, правејќи ги просторите да изгледаат потопло.