Повеќето луѓе дома секогаш имаат леб стар 2-3 дена. И го фрлаат истиот леб.
Но, постои одличен начин да го искористите.
Дали некогаш сте направиле пита од леб?
Време е да пробате.
Состојки:
- 1 парче стар леб
- 4 јајца
- 1 чаша јогурт
- 200 гр сирење
Подготовка:
Изматете го филот од јајца, јогуртот и сирење. Задолжително додадете сол, ако сирењето не е солено. Исечете го лебот на парчиња, наредете го во огноотпорен сад што претходно сте го подмачкале, а потоа ставете слој фил, леб, повторно фил и на крај посипете го сетоа тоа со малку масло. Печете на 220 степени, додека не зарумени горниот дел.