Со смоквите секогаш постои еден сладок проблем- дали да се јадат веднаш или да се искористат да се подготви нешто…
Состојки:
За тесто:
200гр остро брашно
90гр шеќер
110гр маргарин или путер
2 жолчки од јајце
1 кафена лажичка арома од ванила
2 кафени лажички вода
Малку сол
За франципан (крем базиран на бадем):
100гр бадеми
75гр шеќер
2 белки од јајце
60гр маргарин или путер
15 свежи смокви
Подготовка:
Измешајте брашно, шеќер и сол. Додадете ги маргаринот исечен на мали коцки, аромата од ванила и водата и замесете глатко тесто. Завиткајте со фолија за храна и ставете го во фрижидер. Ставете бадеми, шеќер, маргарин и белки од јајце во електричен блендер за да го добиете полнењето (франципан). Тестото за тарт расукајте го и ставете го на плех обложен со хартија за печење. Тестото премачкајте го со филот, внимавајќо да ви остане околу 3-4 см од работ (непокриен). Наредете ги смоквите исечени на четвртини со врвовите свртени нагоре над филот. На крај, завиткајте ги рабовите на тестото и печете на 200 степени околу 40-50 минути.