ФОТОГРАФИИ од куќа во Јапонија станаа вирални на социјалните мрежи и оставија многумина во неверување.
Овие фотографии првично ги објави јапонскиот корисник на Твитер, Јуко Мохри, но оттогаш се споделени над 20.000 пати само на таа социјална мрежа. Тие покажуваат како изгледа еднокатна куќа сместена на многу тесно бетонско скалило.
Таквата сцена ќе привлече внимание каде било во светот, но зачуденоста на многумина е уште поголема со оглед на тоа што куќата се наоѓа во Јапонија каде што често се случуваат силни земјотреси.
Откако фотографиите станаа вирални, многумина тврдеа дека станува збор за Фотошоп. Но, корисниците на Твитер многу брзо откопаа слики од екранот од Google Earth каде куќата изгледа уште почудно.
Некои тврдеа дека бизарниот дизајн му помогнал на сопственикот да заштеди на данок на имот, што се чини малку веројатно, додека други се сомневале дека тоа е единственото решение да се извлечат две места за паркирање од навистина мала парцела.