Жените го гледаат како непоправлив заводник, а тој е нежна душа: Бредли Купер е тотално изолиран затоа што се грижи за својата стара и болна мајка

popara7 септември, 20201min0
o_14552458_1024

Бредли Купер се отвори во разговор со неговиот колега од филмот „Ѕвездата е родена-Ентони Рамос за својот престој во изолација за списанието „Интервју“. 45-годишниот актер моментално ја чува својата ќерка Леа од минатата врска со манекенката Ирина Шајк и се грижи за сериозно болната мајка, а друштво им прават неговите две кучиња, па никој не излегува од куќата.

-Мојата мајка наскоро ќе наполни 80 години и таа колостомска вреќичка, така што не можам да пуштам никој во куќата. Ниту јас не можам да излезам од дома бидејќи ако фати корона, за неа е готово, се пожали славниот заводник и ја откри својата понежна страна.

Тој сам прави градинка за неговата тригодишна ќерка и се шегува дека и организира часови по пливање во када. За среќа, тие имаат двор каде можат и да се прошетаат малку.

Куќата во Вест Вилиџ каде го поминуваат времето ја нарече мала градска куќа, што не може да биде понеточен опис, имајќи предвид дека станува збор за имот вреден 13 милиони долари и 6 спални.

По шпекулациите дека Ирина Шајк ја изневерува со Лејди Гага, кои и двајцата ги негираа, парот ја раскина врската долга 4 години. Неодамна беше виден како излегува со Џенифер Гарнер, но се чини дека неговата изолација ги спречи нивните романтични планови.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag