ДИЛЕМА КОЈА ГИ МАЧИ РОДИТЕЛИТЕ: Дали заштитните маски им пречат на децата во учењето?!

popara8 септември, 20201min0
shutterstock_1751409815_1000x0

Мнозинството се согласува дека барем помалите деца не треба да бидат обврзани на тоа

Дали е добро или не децата да носат маски, од која возраст се задолжителни, колку можат да се мешаат во процесот на учење – ова се само некои од сомнежите што им пречат на родителите деновиве. Сепак, сè уште нема консензус.

Светската здравствена организација (СЗО) и Фондот за деца на ООН (УНИЦЕФ) не препорачуваат децата на возраст меѓу 6 и 11 години да носат маски. Од 12-та година, тоа треба да биде задолжително, како и за возрасните, особено кога децата влегуваат во толпата и поминуваат време со многу луѓе во затворено – изјавија здравствените служби и агенциите на ООН за детски права.

Многу експерти, сепак, предупредуваат дека во некои ситуации маските можат да сметаат во процесот на учење и негативно да влијаат на важните училишни активности, што исто така мора да се земат предвид. Мнозинството се согласува дека барем помалите деца не треба да бидат обврзани да го сторат тоа, затоа што тие не знаат како да ги стават и да ги извадат своите маски на правилен начин. Покрај тоа, повеќето експерти тврдат дека тие не се носители на вирусот.

Од друга страна, неодамнешното истражување на Педијатриската болница за инфективни болести во Чикаго покажа дека децата под петгодишна возраст имаат меѓу 10 и 100 пати повеќе генетски материјал на коронавирусот отколку постарите деца и возрасните.