Ако ги допрете овие 10 работи, ВЕДНАШ измијте ги рацете: Пари, менија …

popara13 септември, 20203min0
dreamstime-m-43775948

Миењето на рацете е од суштинско значење за хигиената и е особено важно денес за време на пандемијата на корона вирусот. Сепак, невозможно е да имате постојано чисти раце, но по овие работи многу е важно веднаш да ги миете рацете

Миењето на рацете спречува пренесување на бактерии, вируси и други микроби. Американскиот центар за контрола и превенција на болести препорачува употреба на сапун и чиста вода или средство за дезинфекција на рацете врз основа на алкохол.

1. Пари

Денес, претежно можете да користите платежна картичка насекаде, но понекогаш едноставно ви треба готовина. Кога допирате пари, не заборавајте да ги измиете рацете што е можно поскоро. Истражувачите тестирале банкноти од 1 долар од банка во Њу Јорк и откриле стотици микроорганизми, вклучително и орални и вагинални бактерии и ДНК и вируси на миленичиња.

Слични истражувања покажаа дека парите можат да содржат дури и патогени како E. coli и салмонела.

2. Држачи и кваки

Миењето на рацете е неверојатно важно за да се ограничи ширењето на бактерии и вируси, вели д-р Кети Бурис, дерматолог од Медицинскиот центар на универзитетот Колумбија.

Многу е важно да ги миете рацете веднаш по возењето во јавен превоз, каде што повеќе луѓе постојано ги допираат истите површини, вели д-р Бурис. Ова исто така важи и за сите други огради или рачки што ги допираат многу луѓе.

3. Менија во ресторани

Истражувачите од Универзитетот во Аризона откриле дека менијата содржат неверојатни 185.000 бактериски организми. Не можете да ги избегнете, но секогаш измијте ги рацете после тоа.

4. Скоро сè во докторска ординација

Поради многу пациенти кои доаѓаат цел ден, повеќето работи во ординацијата имаат микроби или бактерии. Обрнете посебно внимание на пенкалата кои ги споделувате, затоа секогаш чувајте го пенкалото со вас заради вашата безбедност.

5. По животните

Не секој ги мие рацете откако ќе допре домашни миленици или животни, но треба, според д-р Несочи Океке-Игбокве.

– Животните можат да носат разни болести. Кога станува збор за миленичиња, миењето на рацете понекогаш е занемарено. Сепак, миењето на рацете откако ќе допрете некое животно, ваше или некое друго, е апсолутно неопходно – истакна таа.

6. Екраните

Сега, кога технологијата заменува некои производи од хартија, клучно е да ги миете рацете откако ќе допрете каков било екран. Еден од најлошите распрснувачи на микробите се апаратите на аеродромите или пунктовите за јавен превоз.

7. Даски за сечење и кујнски сунѓери

Кујната е опкружена со никулци. Едно истражување открило дури 326 различни видови бактерии кои живеат на користени кујнски сунѓери. Обавезно фрлете ги старите и, како што сугерира д-р Бурис, секогаш измијте ги рацете пред да подготвите оброк и откако ќе ракувате со сурово месо.

8. Пенкала кои не се ваши

Додека многумина користат мобилен телефон или компјутер за бележење и пишување, понекогаш едноставно треба да позајмите пенкало. Добро е, но измијте ги рацете по употреба. Просечно канцелариско пенкало има десет пати повеќе микроби од просечната канцелариска wc школка, откриле претходните истражувања.

9. Дозери за сапун

Диспензерите и пумпите за сапуни се рај за бактерии. Истражувачи од Универзитетот во Аризона откриле диспензери за сапуни полни со микроби. Додека ја притискате пумпата, сите бактерии што сакате да ги измиете од рацете може да останат на шишињата со сапун.

10. Скоро сè на аеродромот

Аеродромот е место низ кое поминуваат многу луѓе. Повеќе луѓе значат повеќе микроби и почести јавни површини каде ќе ги сретнете, пренесува Reader’s Digest.