Корона криза на дворецот: Се побунија вработените од кралската резиденција Виндзор!

popara10 септември, 20201min0
32957884-8713451-image-a-6_1599645299922

Вработените во британската кралска куќа ретко протестираат, но во вторникот тие се собраа против планираното намалување на бројот на вработени пред една од главните резиденции на британската кралица Елизабета – замокот Виндзор, објави нивниот синдикат.

Синдикатот PCS објави на Твитер фотографии од вработените кои протестираат против намалувањата на пензиите и отпуштањата пред главниот влез во замокот.

PCS објави дека 200 вработени се вишок, а се планираат и кратења на пензиите.

Вработените одржаа тивок протест со врежаната фигура на кралот Хенри VIII.

„Кралот Хенри обезглавуваше … сега тие сакаат да ни ги отсечат работните места и пензиите“, пишуваше на транспарентот.

На послабо платените работници во трите кралски резиденции – Виндзор, Бакингем и Холируд – смалени им се придонесите во пензиските фондови од 15 на 8 проценти. Како објаснување за ова се наведува пандемијата предизвикана од Коронавирусот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma