Големата популарност на ова цитрусни овошја одеднаш почна да расте кога беше објавена студија дека грејпфрутот го намалува нивото на холестерол во крвта, го забрзува метаболизмот и со тоа го забрзува слабеењето.
Сепак малку луѓе знаат за несаканите ефекти на грејпфрутот. Тој може да предизвика зголемено лачење на желудечна киселина. Исто така го зголемува нивото на естроген во крвта па затоа жените од средна возраст треба да бидат многу внимателни.
Студија спроведена од американски научници покажа дека средовечните жени кои јадат четвртина од грејпфрут секој ден имаат 30% поголем ризик да заболат од рак на дојка.
Сепак најнепосакуваниот ефект на грејпфрутот што многумина го нарекуваат „кошмар на фармацевтот“, е фактот дека тој во комбинација со многу лекови може да предизвика лоша реакција во организмот па дури и ненадејна смрт.
Грејпфрутот содржи фуранокумарински супстанции кои ги блокираат ензимите на фуранокумаринот што ги разградуваат лековите во стомакот што може да го удвои или дури и тројно да го зголеми дејството на лекот така што може да доведе до труење од лекови.
Лекови кои се во лоша комбинација со грејпфрут се за намалување на крвниот притисок, антидепресиви, лекови за рак, лекови за срце или антибиотици. Има и такви кои во комбинација со грејпфрут можат сериозно да го оштетат вашето здравје, па дури и да предизвикаат смрт. Од 85 лекови што не е добро да се земаат во комбинација со грејпфрут, 43 може да имаат смртоносни последици.