ОТКРИЕНА ПРИЧИНА НА РАЗЛИЧНИ СИМПТОМИ НА КОРОНАВИРУСОТ КАЈ ЛУЃЕТО: Една супстанца „дивее“ за време на инфекцијата

popara13 декември, 20201min0
korona virus

Пептид кој ги шири крвните садови во човечкото тело и ги прави попропустливи, може да биде одговорен за голем број различни симптоми на инфекција со коронавирус, како што се отежнато дишење или невролошки проблеми.

Брадикинин, пептид кој вообичаено помага во регулирање на крвниот притисок веројатно е одговорен за различни, понекогаш фатални симптоми на инфекција со коронавирус. Имено научниците утврдиле дека коронавирусот го стимулира масовното производство на брадикинин, што создава своевидна „бура“ во човечкото тело, што е предизвикувач за различни симптоми, пренесува New Scientist.

Тим научници од САД објавија студија за присуство на гени во примероци на белодробни течности од девет заразени пациенти од Кина, во споредба со примероци од група луѓе кои немале КОВИД-19. Прекумерни количини на гени одговорни за производство на брадикинин се пронајдени кај заразени пациенти, додека малку пониска количина на гени кои произведуваат ензими за контрола на брадикинин е забележана во здравата група.

Ренука Рош од Универзитетот во Источен Мичиген тврди дека „бура“ од брадикинин во телото може да објасни толку различни ефекти на инфекција со коронавирус, како што се болка во мускулите, поблага форма на заболување кај жените и склоност на афроамериканците да имаат посериозни компликации. Канадски експерт смета дека хипотезата за брадикинин има смисла затоа што коронавирусот ги напаѓа рецепторите на ACE-2 во клетките, кои исто така се одговорни за зауздување на нивото на брадикинин.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma