
Врховниот суд во сојузната држава Аризона го отфрли предлогот раперот Канје Вест да биде независен кандидат на претседателските избори во ноември.
Врховниот суд го разгледа предлогот откако Вест се жалеше на одлуката на понискиот суд за одбивање на предлогот, наведувајќи дека во барањето на пејачот не се дадени информации за потписниците на кампањата и нивната посветеност кон политичка партија, поради што неговата апликација не била направена соодветно.
Врховниот суд на тој начин ја потврди одлуката на долниот суд и го одби барањето за кандидатура на Вест.
На 7 јули, Вест објави дека поднел барање за регистрација во неколку сојузни држави, како и дека не е кандидат во некои региони поради недоволниот број собрани гласови.