Со оваа диета губите по два килограми на ден, а само првиот ден е „течен“.
Килограмите најбрзо се топат со течна диета, и ова е најбрзиот и најлесен начин да ја добиете посакуваната линија.
Со диета во последен момент губите два килограми на ден, а обично трае до четири дена. Првиот ден е исклучиво течен и се воведува храна што дигестивниот систем лесно ја обработува и бргу ја исфрла од организмот. Нема сол што ја задржува водата во телото.
Јадете 1.000 калории на ден со многу растителни влакна и протеини, и без сол и шеќер.
Диетата е рестриктивна и вклучува максимум 1.000 калории на ден. Нема шеќер и се внесува многу малку сол, но оброците се богати со растителни влакна и протеини кои ја „гаснат“ гладта. Обидете се да вежбате, барем, 30 минути на ден. Било да е тоа брзо одење или возење велосипед.
Пример мени:
Појадок
Смути со јагоди и ѓумбир
грст спанаќ
грст јагоди
банана
чаша бадемово млеко
лажица ѓумбир
Ручек
Супа од морков и магдонос (втората чинија јадете ја за вечера)
кромид ситно сецкан
250 грама моркови, излупени и сецкани
1 чешне мелен лук
450 милилитри вода
2 ловорови лисја
2 лажици сецкан магдонос
Пржете го кромидот, додадете морков и лук, истурете ја водата и варете додека не зоврие. Се додаваат зачини и по 10 минути ставете бибер и е подготвено за јадење.
Појадок
200 милилитри јогурт, 150 грама боровинки или капини, лажичка мед и лажичка семе од сончоглед или лен.
Ручек
Грст зелена салата или рукола, две печени пиперки, неколку цреши домати и краставица и со малку маслиново масло.
Вечера
150 грама шпагети со 125 грама телешко месо на скара и 150 грама сос од домати и босилек.
Појадок
Парче тост, банана и чаша полу-обезмастено млеко.
Ручек
Салата од 75 грама моцарела, 150 грама домати и свеж босилек, парче тост и лимонада.
Вечера
Парче лосос на скара (до 130 грама) со 100 грама варен компир и спанаќ.