Некои луѓе се послаби од другите, а причината е што тие несвесно ја избегнуваат храната што дебелее.
Дали мислите дека јадете здраво? Сигурно сте се запрашале зошто некои луѓе се толку слаби, а јас постојано гледам што јадам и сè ми се лепи!
Одговорете на следните 10 прашања со „да“ или „не“ и ќе видите дали се храните здраво.
1. Храната што ја јадеме треба да има што е можно помалку маснотии?
2. Дали закуските го намалуваат прејадувањето на главните оброци?
3. Премногу јаглехидрати во храната дебелеат?
4. Дали вегетаријанството се сврстува во здрава исхрана?
5. Дали шеќерот доведува до дијабетес?
6. Дали најпопуларните диети се најефикасни?
7. Дали замрзнатиот зеленчук нема иста хранлива вредност како и свежиот?
8. Дали сите производи од темно жито се направени од интегрални зрна?
9. Максималното внесување на сол дневно е една лажичка?
10. Дополнителни 100 калории на ден значи дополнителни пет килограми годишно?
Точни одговори:
1. Не 2. Да 3. Не 4. Да 5. Не 6. Да 7. Не 8. Не 9. Да 10. Да