
На помалку од два месеца сме до почетокот на епидемијата на сезонски грип, кој би требало да се судри со третиот бран на корона вирусот.
Бидејќи и двете болести имаат многу слични симптоми, постојат неколку разлики што ќе ни помогнат да откриеме кој од овие два вируси сме „закачиле“.
Симптомите на грип се појавуваат многу брзо и вклучуваат ненадејна треска, болки во телото, чувство на замор и исцрпеност, сува кашлица, болки во грлото и главоболка.
Тешкотии во спиењето, губење на апетит, дијареја или болка во стомакот, како и чувство на гадење што се јавува со грип, исто така, се поврзани со Корона вирусот.
Па, кои се двата клучни симптоми за да се направи разлика помеѓу Корона и грип?
Арнолд Монто, епидемиолог на Универзитетот во Мичиген, изјавува дека еден од начините да се направи разлика помеѓу грип и вирусот Корона е губење на мирис, иако се јавува кај обата вируси.
Луѓето со грип или сериозна настинка, исто така, можат да го изгубат чувството за мирис, но разликата е во тоа што губењето на мирис е ненадејно и посилно, што влијае на можноста да се разликува слаткото од горчливо и може да се случи без затнат нос, што не е случај со грипот.
Друг симптом што може да помогнат да се разликува Корона вирусот од грип е диспнеа или отежнато дишење.
Ова е уште еден симптом, покрај ненадејното губење на мирис без затнат нос, што Корона вирусот не го дели со грипот.