
Холивудскиот ветеран Харисон Форд се појави во јавноста по долго време и не успеа да помине незабележан од будните очи на фоторепортерите. Познатиот 78-годишник сè уште изгледа одлично!
Харисон Форд спаѓа во група холивудски легенди кои со годините изгледаат подобро и подобро. Овој славен актер, најпознат по улогите во филмската серија Индијана Џонс, беше снимен на улиците на Лос Анџелес по долго отсуство од очите на јавноста.
Славниот 78-годишен актер беше на шопинг во еден од неговите омилени бутици на Родео Драјв.
Носеше фармерки и полу-откопчана светло сина кошула, а поради пандемијата на коронавирусот, која сè уште зема замав, актерот стави заштитна маска која не ја соблекуваше цело време.
И покрај сприсутните фоторепортери кои ги следеа неговите стапки, Форд не дозволи да биде сместен и остана мирен, флегматичен и остави впечаток на шармер, по кој е познат многу години.




