
По долга пауза, таа блесна во бел комплет и ги маѓепса сите
Сигурни сме дека оваа убавица недостасуваше во јавноста повеќе од кога било, но за среќа на сите оние кои го сакаат „Црниот пантер“, Наоми Кембел (50) по шест месеци се врати „на сцената“.
Оваа светска убавица објави три фотографии на Инстаграм на кои блескаше во бел костум.
Таа немаше ништо под закопчаната јакна, па ја скокотка фантазијата со голите гради на милиони обожаватели кои ја следат, а на Инстаграм има скоро 10 милиони верни фанови.
„Моето прво појавување во јавноста по шест месеци“, напиша Наоми.
Искусна како и секогаш, позираше со насмевка додека седеше во автомобилот и излегуваше од него. Без разлика дали е на писта или на некое друго место, дури и на 51 година, Наоми никогаш не остава никого рамнодушен.
Нејзиниот пост го коментираше и Линда Евангелиста, исто така една од најпознатите светски топ модели, која шеташе по модната писта кога тоа го направи и Наоми. Ја остави со неколку срца, како и стотици ентузијастички обожаватели.
Уживајте во уште неколку фотографии од познатата убавица:





