
24-годишната sвезда на тинејџерската ТВ серија „Еуфорија“ освои „Еми“ награда и влезе во историјата за две работи
Американската актерка, пејачка, танчерка и модел Зендаја Мари Стоермер (24) синоќа влезе во историјата кога ја освои наградата „Еми“ за најдобра главна актерка во тинејџерската ТВ серија „Еуфорија“ и со тоа стана најмладиот победник на истата.
Имено, втора година по ред, „Еми“ наградата за најдобра главна актерка му припадна на „свежо“ лице. Зендаја за прв пат беше номинирана за најдобра актерка и веднаш ја освои наградата, иако нејзината конкуренција беа познатите колешки Џенифер Анистон (51) и Лора Лини (56).
Таа е исто така втора Афроамериканка што некогаш освоила награда во оваа категорија по Виола Дејвис (55) за „Како да се извлечеш од убиство“ во 2015 година.

Која е Зендаја?
Таа се здоби со популарност во американската телевизиска серија „Shake It Up“, каде ја играше главната улога како Роки Блу со нејзиниот партнер за танцување Сиси Џонс, која ја играше актерката Бела Торн (22).
Зендаја е родена на 1 септември 1996 година во Оукланд, Калифорнија, а моментално живее во Лос Анџелес. Кариерата ја започна како модел, но поради големата љубов кон театарот се префрли на глума.
Нејзината мајка работела цел живот како менаџер на театар, па Зендаја се за заљубила во „штиците што значат живот“ дури и кога била мала.
Таа глумеше во популарни кино хитови како „Спајдермен: Далеку од дома“, „Најголемиот шоумен“, а наскоро ќе се појави и во римејк на филмот „Дина“ од 1984 година, чија премиера е закажана на 18 ноември.

По освојувањето на статуата „Еми“, Зендаја им се заблагодари на своето семејство, колеги и режисерот на серијата „Еуфорија“, Сем Левинсон (35).
„Многу те ценам, ти си моето семејство”, му рече Зендаја на Сем.
– Знам дека ова е навистина чудно време за славење. Но, само сакам да истакнам дека има надеж кај младите надвор. Сакам да им кажам на сите мои врсници кои работат на улица, ве гледам, ви се восхитувам, ви благодарам – заклучи познатата актерка.