НЕ го држите вашиот партнер за рака? ПОЧНЕТЕ ДА ГО ПРАВИТЕ ТОА ВЕДНАШ! Научниците докажаа корисен ефект на оваа навика врз нашето здравје!

popara21 септември, 20201min0
holding-hands-1149411_1920-660x450

Една неодамнешна американска студија излезе со интересни резултати кои покажаа како влијае на нас држењето за рака со партнерите. Имено, кога сме лути, тажни или исплашени, ги земаме нашите партнери за рака да се утешиме на овој начин, а научниците од Универзитетот во Вирџинија откриле зошто е тоа така и зошто е добро да се прави тоа.

Психологот Џејмс Кохан спроведе експеримент со 16 среќно омажени жени и нивните сопрузи. Тие биле изложени на стресни ситуации, а психологот за тоа време ја набудувал работата на нивниот мозок на мониторот предизвикувајќи мала електрична реакција и гледајќи како женскиот мозок реагира кога не држи никого, кога држи рака на странец и кога го држи партнерот.

Резултатите покажале пониско ниво на стрес додека жената ја држела раката на странец, а количината на стрес била уште помала кога тие ги држеле рацете на својот партнер.

Затоа, ако досега не сте се држеле за раце, започнете да го правите тоа, бидејќи, судејќи според истражувањето, оваа навика ќе биде корисна за нашето ментално здравје.