
Тами е снимена на плажата Курумблин во друштво на своето ново момче и децата
Австралиската манекенка и инфлуенсерка Тами Хемброу беше уловена од фотографите на плажата Курумблин каде разменуваше нежности со своето ново момче спортистот Мет Пул. Со него беа и нејзините деца, петгодишниот син Волф и четиригодишната ќерка Саскија, кои ги доби со инфлуенсерот Рис Хокинс.
Атрактивната русокоса носеше минијатурно бикини во кое ги покажа сите атрибути. Тами ја пратат 11,5 милиони луѓе на Инстаграм и е една од најпопуларните инфлуенсерки во Австралија. Таа споделува провокативни фотографии со своите следбеници во оскудни изданија, кои собираат неколку стотици илјади лајкови.



