Купувањето градник, поточно градникот со вистинска големина, е подеднакво важна работа, како и купувањето удобни чевли или очила со соодветна диоптрија. Несоодветен градник може да предизвика црвенило, отежнато дишење, хронични главоболки, но и проблеми со изгледот на самите гради. Најдобрите градници само ги поддржуваат градите, а вие не ги чувствувате за време на носењето затоа што овозможуваат нормално движење без непријатни засеци на кожата. Иако големината може да се измери, бројките, како и облеката, може да варираат од модел до модел, па затоа најдобриот начин да ја одберете вистинската големина е да ја испробате.
Вистинската големина не предизвикува чувство на затегнатост и непријатност, а со кревање на рацете можете да видите дали градникот е доволно цврст. Ако жицата на градникот ја сече вашата кожа, изберете поголем градник или модел без жица. На некои жени на почетокот им е многу тешко да се навикнат на жицата во градникот, но факт е дека подобро ги држи градите. Долниот раб на корпата треба да биде близу до телото, бидејќи обезбедува 80 проценти од поддршката на градите. Ако прерамките ве „сечат“, веројатно е дека долниот раб на корпата не е доволно притиснат на телото, па затоа се премногу тесни за да може да се држат градите.