Пејачката Полина Тасева е релативно ново име на македонската естрада. По неодамнешната промоција на на нејзината втора песна во кариерата насловена „Игра“, Полина зеде учество и на 35-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2020“ во Штип.
Таму талентираната и атрактивна пејачка ја изведе композицијата „Се’ се врти во круг“ и за неа се закити со наградата за најдобар дебитант на фестивалот, пишува порталот „Вистина.мк“.
Овој пат младата пејачка се потпре врз креативноста, знаењето, умеењето и искуството на веќе проверен авторски тим, па музиката и аранжманот за песната се на Роберт Билбилов, а за текстот се погрижи Робин Зимбаков. Производот очекувано, повеќе од добар и заради мајсторството на искусните музички волци, но и заради вокалните квалитети, енергијата, експресијата и душата која Полина и ја вдахнала на песната.
Во текот на фестивалскиот викенд, песната на Полина „Се’ се врти во круг“ доживеа и премиера на видеозаписот за истата, зад кој се потпишува режисерот Владимир Гавриловски. Видеоспот кој на музичката тема и дава поинаква мистика, друга димензија, еротско-психолошки набој кој созадава амбиент кој апсолутно кореспондира како со музиката, така и со стиховите, а камерата, монтажата и самата режија на видеото уште повеќе ја доловуваат суштината на приказната. Во неа секако Полина не само вокално, туку и со своите естетско-телесни квалитети, природен сексапил и вродена дарба за актерство, брилијантно ја одиграла ролјата која ги спојува двата света: минатото и сегашноста, музиката и сликата.
Како сето ова спакувано звучи изгледа, проследете во видеото во продолжение: