Се дозна…
Неодамна на насловните страници на весниците излегоа вести дека Амал го истерала сопругот на Џорџ Клуни од нивниот стан по жестока расправија околу новото дете што би сакала да го посвои, но тој не сака. Сега нивниот брак започна уште повеќе да се тресе затоа што 42-годишната адвокатка е љубоморна на заводливата латино-актерка Софија Вергара која му даде понуда на нејзиниот сопруг која „не може да ја одбие“, пишува магазинот „Нова идеја“. Имено, Софија му предложи на 59-годишниот холивудски шармер да глумат заедно во комедија за која продуцентите, но и самата се убедени дека ќе биде голем хит што ќе заработи многу пари.
„Џорџ е одличен во комедиите и тој е подеднакво секси за жените, како Софија за мажите. Тоа би било добредојдена пауза за него од сериозните филмови што ги снимил во последниве години и многу би ги израдувал неговите фанови“, откри извор близок до актерот
Но, тој истакна дека Амал е веќе загрижена за тоа и е љубоморна иако снимањето сè уште не е започнато. „Амал сигурно внимателно ќе го следи нивниот распоред на снимање. И таа и сопругот на Софија, Џо Манганиело, ќе се чувствуваат многу непријатно кога искрите меѓу Џорџ и Софија на сетот ќе започнат да треперат. Амал сфаќа дека единствениот паметен потег што може да го направи за да го спаси бракот е да доаѓа редовно да го посетува сетот кога ќе започне да снима и да го држи Џорџ на „поводник“, рече изворот.
Во сето ова, важно е да се напомене дека сè уште нема потврда од официјални извори за заедничкиот проект на Вергара и Џорџ Клуни. Да потсетиме, Џорџ и Амал се во брак шест години и имаат тригодишни близнаци, но во последно време „копјата се кршат“ околу желбата на Амал да посвои дете. Очигледно, по последната расправија, тие живеат на одделни адреси повеќе од еден месец. Актерот неодамна се „фрли“ во обнова на куќа во Лос Анџелес и проширување на објектот за уште три викендички, а ако треба да им се верува на странските медиуми, тој сè ќе стори затоа што сака неговиот мир да биде далеку од сопругата и децата.