Карамелите од кикирики путер се прават за само пет минути!

popara23 септември, 20201min0
КАРАМЕЛИ НАСЛОВ

Ова е одличен десерт во кој се додава мед, кокосово масло, малку ванила и сол, а по желба и глазура од темно чоколадо. Подготовката е толку едноставна што карамелите можат да ги направат и вашите деца

Состојки:

* 2,4 дл чаша

  • 1 чаша путер од кикирики (целосно кремаст или со парчиња кикирики)
  • 1/4 чаша кокосово масло, стопено
  • 2 лажици мед
  • 1/4 лажичка морска сол
  • 1/2 лажиче ванила
  • 1/4 чаша шеќер во прав, ако сакате
  • глазура од темно чоколадо, по избор

Подготовка:

Измешајте ги сите состојки и додадете шеќер во случај да планирате да ги чувате надвор од фрижидерот повеќе од пет минути – ова помага да не омекнат премногу карамелите на собна температура.

Истурете ја смесата во подмачкан пртван, покријте го со фолија и ставете го во фрижидер да се зацврсти – околу еден час. Потоа исечете и чувајте го во херметички затворен сад во фрижидер и извадете го веднаш пред јадење (ако не сте ставиле шеќер).

Ако сакате, можете да ставите глазура од темно чоколадо врз карамелите пред да ги исечете, ова ќе им даде фантастичен вкус. Растопете го чоколадото во малку кокосово масло и прелијте го на карамелите. Исечете кога ќе се зацврсти.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag