
Време е за нови вкусови
Состојки за кора:
6 белки
100гр шеќер
1 лажица брашно
1 лажица оцет
100гр кокосово брашно
Состојки за фил:
6 жолчки
5 лажици шеќер
1 ванилин шеќер
250гр маргарин
300гр чоколадо со ориз
Подготовка:
Измешајте ги белките и шеќерот. Потоа додадете ги брашното, оцетот и кокосовото брашно. Соединете и печете на 200 степени 15-20 минути.
Изматете ги жолчките на пареа, додајте го шеќерот и ванилиниот шеќер. Ставете маргарин и чоколадо со ориз и соединете сè. Истурете преку кората и оставете да се излади неколку часа. Украсете со шлаг по желба.
Пријатно!