
Неделен хороскоп од 22 до 29 септември 2020 година!
ОВЕН
Овните оваа недела можат да почувствуваат голема напнатост во нивната љубовна врска, па на многумина ќе им биде тешко да избегнат несогласувања. Некои припадници на знакот ќе бидат склони кон авантури, додека шансите за посериозни контакти и емотивни врски ќе бидат помали, поради нагласената потреба за контрола.
БИК
Биковите оваа недела имаат поголеми шанси да сретнат некој од минатото и да го обноват контактот, или да се вратат на старата љубов. Преку работа можни се нови познанства. Зафатените припадници на знакот ќе почувствуваат напнатост во емотивните врски, но и љбовните страсти ќе бидат нагласени.
БЛИЗНАЦИ
Близнаците може да почувствуваат недостаток на разбирање од својот партнер оваа недела, но тие самите нема да бидат особено подготвени за компромис. Старите проблеми би можеле повторно да се појават. Слободните Близнаци можат да бидат премногу сомнителни и потешко ќе ги исполнат своите љубовни желби.
РАК
Раковите може да почувствуваат напнатост во емоционалните врски оваа недела, но комуникацијата со партнерот ќе стане попозитивна. Слободните припадници на знакот ќе имаат шанса да започнат нова љубовна врска, или да запознаат личност која многу ќе им се допадне.
ЛАВ
Лавовите ќе треба да ги контролираат своите емотивни односи оваа недела, но нема да можат да го сторат тоа, па затоа во некои ситуации се можни жестоки расправии. Слободните припадници на знакот може да имаат потешкотии во воспоставувањето нови контакти, а оние кои се во врска ќе се чувствуваат нервозно.
ДЕВИЦА
Девиците може да имаат проблеми во комуникацијата со својот партнер оваа недела, па некои може да имаат жестока расправија за тоа. Некои може да бидат премногу посесивни, а страстите во врската ќе бидат нагласени. Слободните можат да имаат значајна средба, можеби со некој што го познаваат од порано.
ВАГА
За Вагите, оваа недела започнува подолг поволен љубовен период. Сепак, оваа недела на многумина може да им донесе проблеми во врската поради нервозата и нетрпеливоста на нивниот партнер и затоа е најдобро да не влегувате во никакви конфликти. Слободната Вага ќе има многу поголеми шанси за нови контакти.
СКОРПИЈА
Оваа недела Скорпиите можат емоционално да се интересираат за личност која е веќе во врска, а оние похрабрите дури би можеле да започнат и тајна врска. Зафатените припадници на знакот ќе почувствуваат зголемена напнатост во комуникацијата со партнерот, така што се можни меѓусебни кавги.
СТРЕЛЕЦ
Стрелците оваа недела можат да поминат низ период на голема напнатост во нивните приватни односи, па можни се недоразбирања и кавги во врската. Некои можат да бидат многу посесивни. На самците ќе им биде потешко да остварат нови контакти поради потребата од емоционална контрола.
ЈАРЕЦ
Јарците оваа недела имаат малку поповолна врска со некој близок, а самците ќе имаат зголемен број на нови средби и познанства, така што некому лесно ќе им се допадне. По напнатоста во првиот дел од неделата, партнерството ќе влезе во многу порелаксиран период.
ВОДОЛИЈА
Водолиите оваа недела се чувствуваат неразбрани во односот со нивната партнерка, иако тие самите ќе вложат повеќе труд во врската. Оние кои се во свежи врски нема да бидат задоволни од врската со саканата личност и може да имаат кавги. Некои може да имаат познанство на патот.
РИБИ
Рибите оваа недела можат да почувствуваат голема напнатост во приватните односи, можно е да има горчлива расправија со партнерот, што може да биде предизвикано од неговата голема потреба да ги контролира. Некои припадници на знакот можат да започнат љубовна авантура.