Наместо разни фабрички произведени напитоци, подгответе здрав сируп кој ќе го зајакне имунитетот на вашето тело.
Состојки:
100 листови млада коприва
1кг шеќер
1 ќесичка лимонтус
Подготовка:
Прелијте ги врвовите на коприва со 2-2,5 литри вода.
Покријте и оставете да отстои преку ноќ (или максимум 24 часа).
Исцедете ги лисјата, додадете шеќер и промешајте неколку пати во рок од еден час, полека да се стопи.
Додадете лимонтус (или сок од 2 лимони), потоа исцедете го сирупот и ставете во шишиња.