Примамливата Џеј Ло го запали интернетот со ЖЕШКИ сцени со 26 години помладиот пејач

popara25 септември, 20202min0
f_8849479_1024

Џенифер Лопез (51) и колумбиската sвезда Малума (26) снимија жешки сцени кои никого не оставија рамнодушен

Додека ја чека својата венчавка со Алекс Родригез (45), која мораше да ја одложи поради епидемија на коронавирусот, латино-дивата Џенифер Лопез (51) не мирува. Таа го издаде синглот „Pa Ti + Lonely“, кој го изведува со колумбиската sвезда Малума (26).

Двајцата снимија две сродни приказни во едно видео, а нивните жешки сцени не ги оставија обожавателите рамнодушни.

Убавата Џенифер е главната sвезда на видеата, а многумина се согласуваат дека е како вино – колку е постара, толку подобра. Во една сцена, таа се витка на масата додека пејачот страсно ја бакнува.

Некои американски таблоиди велат дека блискоста на неговата девојка со младиот пејач на Родригез му паѓа тешко.

“Таа не може да издржи да ја гледа Џеј Ло со друг маж, иако знае дека глуми. Не може да си помогне, иако е свесен дека тоа е нејзина работа. Тој е многу конзервативен. Никој не ја бакнува неговата жена”, изјавил човек близок на парот.

Не е познато дали овие песни се подготовка за нејзиниот нов албум, а поминаа шест години од објавувањето на последниот „А.К.А.“

Џенифер и Малума се скоро неразделни во бизнисот, па ја снимија скапата и романтична комедија „Омажи се за мене“, чија премиера е најавена во февруари 2021 година.