Вин Дизел го зеде микрофонот во рака: Слушнете како пее ова „МАЧО“ момче (ВИДЕО)

popara26 септември, 20202min0
pjimage-2020-09-26t092533-510

Не е лошо. Но, оваа 2020 година е навистина луда кога запеа и Вин, е еден од коментарите. Инаку, актерот го привлече вниманието во 2013 година кога ја отпеа песната на Ријана „Stay“

Актерот Вин Дизел (53) реши да пее во соработка со норвешкиот диџеј Киго (29) со кого го претстави својот прв сингл „Feel Like I Do“.

– Одамна најавував дека ќе започнам да се знимавам со музика. Вие ме охрабривте да излезам од сопствената зона на удобност. Ви благодарам што ми верувате. Како и секогаш, се надевам дека ќе бидете горди – прокоментира актерот. Електро танчерската песна веќе „предизвика“ бројни коментари.

– Не е лошо. Но, оваа 2020 година е навистина луда кога запеа и Вин – е еден од коментарите. Инаку, актерот привлече внимание во 2013 година кога за Денот на вљубените ја отпеа песната на Ријана „Stay“. Тогаш обожавателите го задеваа дека тој е „мачо“ момче кое пееше „поп-песни“.

Секако, Дизел продолжува да снима филмови, а на почетокот на годината се појави во главната улога во акциониот филм „Bloodshot“.