Поминете ја саботната вечер со филм и здрав домашен чипс од компири, еве го рецептот

popara26 септември, 20201min0
7057e938ae325dbfca51

За крај на работната недела, почастете се со чипс, но овој пат направете го сами.

Штом отворите вреќа чипс, навистина е тешко да се запре, но сите добро знаеме колку е нездрава оваа закуска. Затоа, подгответе си своја, поздрава верзија денес. Уживајте во филмот и опуштете се по напорната работна недела.

Земете неколку компири, хартија за печење, малку маслиново масло, сол, бибер и зачини по желба. Можете да направите чипс со вкус на кромид, затоа користете кромид и лук во прав, оној со црвена пиперка или медитеран, со рузмарин.

Исечете го на многу тенки парчиња, а рендето најдобро ќе ви помогне. Наредете го на хартија за печење, додадете малку масло и зачини по ваш избор.

Печете во рерна на 200 ° додека не добие златна боја и стане крцкав.