Холивудскиот актер Хоакин Феникс неодамна стана татко. Од блиски извори, јавноста дозна дека тој го нарекол неговиот син Ривер, по неговиот трагично загинат брат, со што му го обновил споменот.
Ривер Феникс е роден во 1970 година и беше четири години постар од Хоакин. Тој исто така беше актер и многумина сметаа дека има повеќе талент од Хоакин. Тој е познат по филмовите „Застани покрај мене“ и „Мојот сопствен приватен Ајдахо“. Тој имаше големи проблеми со употребата на дрога, а го дочека крајот во 1993 година, во еден клуб во сопственост на Џони Деп. Покрај тоа што беше актер, Ривер свиреше и гитара, па за таа кобна вечер имаше закажано свирка. Му се слошило на сцената, и завршил во болницата од предозирање со лекови.
Тешко детство
Од детството, Ривер имал тежок живот. Нивните родители Харт и Џон биле членови на контроверзниот христијански култ Божји деца, кој изразувал љубов кон божеството преку сексуални обреди. Семејството, кое се состоеше од нив двајца и децата Ривер, Хоакин, Рајн, Либерти и Самер, живееја на пат неколку години, на различни места во Централна и Јужна Америка. Ривер започнал да работи кога имал само осум години. Нивниот татко бил алкохоличар, а Ривер сметал дека мора да се грижи за семејството.
Тешко детство Од детството, Ривер имал тежок живот. Нивните родители Харт и Џон биле членови на контроверзниот христијански култ Божји деца, кој изразувал љубов кон божеството преку сексуални обреди. Семејството, кое се состоеше од нив двајца и децата Ривер, Хоакин, Рајн, Либерти и Самер, живееја на пат неколку години, на различни места во Централна и Јужна Америка. Ривер започнал да работи кога имал само осум години. Нивниот татко бил алкохоличар, а Ривер сметал дека мора да се грижи за семејството.