Маските на природна основа се прават брзо, ја освежуваат кожата и даваат неверојатни резултати. Маската од киви и мед е фантастична во борбата против борите, обезмастување на лицето, отстранување на мртвите клетки и задебелување на површината.
Потребно е:
– 1 цело киви
– 2 лажици мед
Подготовка:
Излупете киви, изрендајте го и исцедете го сокот. Откако ќе добиете мешавина од мелено киви, додадете ја наведената количина мед и добро измешајте. Нанесете ја смесата на лицето и оставете ја да отстои 20 минути. Би се препорачало да се користи маската еднаш месечно (не за луѓе под 25 години).