Латино дивата, која неодамна објави нов хит сингл и секси видео со Малума, за кој се зборува со денови, изгледа толку добро на 52-годишна возраст, па дури и половина од нејзините помлади колеги од музичката сцена можат да ѝ завидат.
Не постои комбинација што ќе направи латино дивата Џенифер Лопез да изгледа лошо. Дури и висината од само 164 сантиметри, што ги тера многу припаднички на понежниот пол да се двоумат дали да носат нешто, не ја спречува 51-годишната пејачка и актерка да проба сè што и паѓа на памет и изгледа сензационално.
Откако го објави новиот хит сингл „Pa’Ti “со колумбискиот пејач Малума и ја полуде заедницата ТикТок со едноставна кореографија, Џенифер Лопез сними видео со своите 12-годишни близнаци Макс и Ема, кои ги доби од бракот со пејачот Марк Ентони, поканувајќи ги своите фанови да донираат за Јоплајт.
Облечена во бела маица без ракави, исечена под градите, таа уште еднаш ги истакна своите дефинирани раце, но и неверојатните стомачни мускули по кои е позната, а кои се видоа иако комбинираше беж панталони со висок струк, кои се врзани во панделка.
Белите патики пружаа удобност, а дијамантските обетки и нараквици обезбедија доза на гламур. Таа ја крена својата долга коса, која неодамна ја осветли уште повеќе, во висока опашка како популарните Барби кукли, а краевите на косата беа малку завиткани и ѝ паѓаа преку рамената.