Оваа тегла, со тоа славно лого, е на полиците на продавниците ширум Светот … но, секогаш е темно кафеава … има вкус на млечно чоколадо. Оваа има бела, малку златна боја, напиша блогерот
Дегустатор на храна и блогер од Австралија, познат како Bruce Super Convenience, предизвика збунетост кај обожавателите на „Нутела“ кога на својот Инстаграм профил објави фотографија од тегла со овој мега популарен намаз, но во бела боја.
Тој веднаш спомна дека ова задоволство му го дал пријател и колега познат како The Snack Controller и дека не е нешто што може да се купи во продавниците.
„Извинете што ве разочарав“, напиша тој.
– Оваа благословена тегла ми ја испрати @thesnackcontroller – и морам да ѝ се заблагодарам на неговата / нејзината / нивната убава душа што ја создадоа оваа убавина и ми ја испратија – напиша тој со објавата.
– Оваа тегла, со тоа славно лого, е на полиците на продавниците ширум Светот … но, секогаш е темно кафеава… има вкус на млечно чоколадо. Оваа има бела, малку златна боја – додаде тој.
Коментарите на неговите следбеници се секакви:
- „Тоа не е желба, тоа е потреба!“
- „Проклето ДА“
- „Омг“
The SnackController ја откри тајната
– Ние го направивме тоа според рецептот на друг инстаграмер aufstrichqueen_ver. Ние комбиниравме две табли бело чоколадо, ќесичка бело Kinder Schokobons, лажичка путер од лешник, сируп од лешник и обично сончогледово масло. Измешајте го сето тоа заедно, и тоа е тоа – прокоментира тој, а пренесе Мирор.
Рецептот за овој намаз според рецептот на профилот aufstrichqueen_vera:
Состојки:
200 гр бело чоколадо
187,5 гр бело чоколадо Moser Roth (Mousse Schokolade von moser Roth)
20 лажички по 5 гр растително масло
35 гр путер од лешник
Подготовка:
Измешајте ги двата вида на чоколадо заедно со маслото во блендер додека не добиете ситна кремаста текстура. Потоа додадете путер од лешник и продолжете да мешате. Потоа ставете го во тегла и оставете го да стои неколку дена, така што намазот ќе добие вистинска конзистентност.