Морската вода го чисти организмот и ја негува кожата

popara9 јули, 20111min00
more

Моногу не знаат дека покрај тоа што на море ја одмараат душата на природен начин ги чистат и токсините од телото, ја негуваат кожата и го намалуваат целулитот. Сето тоа без многу мака и скапи третмани.

Источите култури и терапевти со векови ја истакнуваат важноста на водата и морската сол. Со престојот на море телото добива ретки елементи кои му недостасуваат во секојдневниот живот.

Свежата морска вода ја поттикнува размената на минерали и токсини помеѓу телото и водата  и ве ослободува од стрес. Ситните честички сол во воздухот патуваат до најдлабоките плуќни авеоли, а олигоелементите и минералите како што се магнезиум, манган и кобалт продираат во организмои го јакнат имунитетот.

Морската вода ги содржи сите лековити минерали, а елемантите на чистење се содржат во морската сол и затоа капењето во море потикнува детоксикација на крвта и обновување на кожата.Морскиот воздух е полн со негативни јони, кои исто така помагаат во детоксикацијата на крвта и ткивата. Солената вода го чисти тенот и дава влажност на сувата кожа и помага кај многу кожни заболувања.

Исто така со капењето во морската вода на организмот добива јод, неопходен во организмот за создавање на важни хормони, кои влијаат на нашиот изглед и здравје.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag