Холандскиот национален институт за здравство ги сподели резултатите од своето истражување кои се занимаваа со чистење на белите дробови, пишува Видипортал.
Пушачите, но и сите други кои имаат проблеми со бронхитис, чести воспаленија и кашлање, би можеле да имаат голема корист од нивното истражување, бидејќи, тврдат овие научници, ништо не ги чисти белите дробови подобро од јаболката и крушите.
Студијата е спроведена на 14 илјади испитаници и докажано е дека оние кои го јаделе ова овошје – скоро и да немаат проблеми со белите дробови и респираторниот систем воопшто.
Се верува дека катехинот во овошјето е одговорен за овој ефект на лекување, кој нема таква ефикасност во чајот, на пример.