Дуа Липа, Кендал и Парис Хилтон го обожаваат малиот сребрен фустан!

popara4 октомври, 20201min0
парис

Дуа Липа пред некој ден носеше креација инспирирана од нејзиниот омилен фустан што го носеше Парис Хитон пред 20 години, а манекенката Кендал Џенер сака да ја носи и за надвор.

Еден од фустаните кој е симбол на стилот на забавата веќе дваесет години, креацијата е изработена од сјајна метална текстура, која изгледа како диско топче под рефлекторите.

Парис имаше гламурозен стил во знакот на светкави фустани во 2000 година, а слични работи сега носат и пејачката Дуа Липа и Кендал Џенер.

Имено, Донатела Версаче често предлага фустани изработени од метална мрежа со длабоко деколте и отворен грб, кои славните дами обожаваат да ги носат на црвениот тепих и вечерните излегувања.