Деликатес кој нема да ви излезе од умот: Запечени палачинки полнети со блитва, панцета и свежо сирење (РЕЦЕПТ)

8 октомври, 2020
169271_shutterstock-512816083_ls

Овие вкусни и сочни солени палачинки се полнат со мешавина од блитва, панцета и сирење, а потоа се печат со прелив од кисела павлака и павлака за готвење.

Состојки за палачинки:

1 јајце

Прстофат сол

400мл млеко

80гр безглутенско брашно

80гр брашно од хељда

1 лажичка прашок за пециво

1 лажичка ракија

За полнење:

230гр варена блитва

300гр свежо сирење

100гр кисела павлака

50гр панцета

За прелив:

100гр кисела павлака

100мл павлака за готвење

Подготовка:

Во сад измешајте го јајцето со малку сол и потоа истурете го млекото. Додадете ги сувите состојки, односно брашно без глутен, брашно од хељда и прашок за пециво. На крај, промешајте лажичка ракија за палачинките да не апсорбираат многу маснотии при печењето. Испечете ги палачинките.

Подгответе го полнењето со сечкање на варената блитва на многу мали парчиња. Доколку е потребно, исцедете ја блитвата со рацете за да го отстаните вишокот вода и ставете ја во сад.

Додадете свежо, кисела павлака и панцета на коцки.

Наполнете ги палачинките со смесата, па завиткајте ги. Ставете ги во подмачкан сад за печење.

Прелијте ги палачинките со мешавина од кисела павлака и павлака за готвење и печете ги околу 20 минути на 180 Ц.

escort - Korsan taksi