Зашто мажите ги прекинуваат врските

popara10 јули, 20111min00
mazite i vrskite

После прекинувањето на врската многу луѓе се чувствуваат прилично изгубено, бидејќи сè на што сметавте и можевте да се наслоните исчезнува во момент. Се вртите околу себе, се чувствувате како некој да ви избришал дел од животот, и се прашувате зошто тоа на вас ви се случи.

Психологот Трејси Кокс во “Жешките врски” ги наведува најчестите причини поради кои мажите ја прекинуваат врската.

Кратка врска:

Сте се обиделе да го промените. Во почетокот ви се допаѓало сè на него. Потоа сте сфатиле дека треба да ги промени манирите на маса, дека може да се истриже, дека пола од неговата облека е “погрешна”… Му праќате порака дека тој не е доволно добар за вас, така да тој ќе побара некоја друга која мисли поинаку.

Не сте заинтересирани за секс. Ако сте заедно четири месеци и веке глумите главоболка, тој замислува како ќе изгледа остатокот од неговиот живот – многу фрустрирачки.

Предобро го познавате. Некои мажи со “пушки” ги бранат тие ѕидови. Ако девојката го познава повеќе од онолку колку се познава тој себе си, ќе остане емоционално незаштитен. На тоа додадете ја и незрелоста и лузните од минатото, и веќе тргнал тој низ вратата.

Долга врска:

Време е да се обврзе. Дури и неговите другари прашуваат кога ќе направи поштена жена од вас. Тој знае дека тоа го очекува, но и понатаму гледа слика на окови во главата. Убеден е дека никогаш повеќе нема да може да гледа фудбал во Недела.

Запознал друга жена и сватил дека вие не сте “онаа вистинската”. Само жените немаат очекувања во тоа како треба да изгледа бракот. Ве сака, но толку ви е пријатно кога сте заедно да безмалку не приметува дека сте тука. А потоа нова девојка се појавува на работа. Таа е бистра, секси, привлечна, занимлива. Разговара со него и му поставува прашања. А тој помислува како врската е многу повеќе од лежење на каучот и гледање филмови, и како поради таа девојка повторно се чувствува жив…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma