Џенифер Лопез: Во издание кое докажува дека не ви треба фустан за посебни елегантни прилики

popara14 октомври, 20201min0
Screenshot_27

Џенифер Лопез и нејзиниот вереник Алекс Родригез тргнаа на романтичен состанок во бунгаловите на Сан Висенте, престижното собиралиште на богатите и славните во Лос Анџелес.

Тоа луксузно место е резервирано за sвездите од А-листата, на кои им е загарантирана апсолутна дискреција таму, па и Џенифер и Алекс ја најдоа својата оаза таму за вечерен состанок.

Познатата 51-годишна жена секогаш блеска кога излегува со вереникот, а оваа вечер не беше исклучок.

Прекрасната латино дива носеше свилен комбинезон во таканаречена ледена сина нијанса и го комбинираше со чанта со речиси идентична боја.

Џенифер избра комбинезон со обемни ракави кој е врзан на половината со појас што одговара.

Дискусиите за тоа дали комбинезоните се достојна замена за фустаните никогаш не престануваат, но со ова издание, Џенифер можеше да ги убеди сите дека навистина можат да ги надминат фустаните во посебни прилики.