Одличен рецепт: „Француски тост со Нутела“ подготвен за само три минути (РЕЦЕПТ)

popara20 јануари, 20241min0
5183954922f435f10149

Може да го подготвите за појадок, кога сте во гужва или како десерт.

Готвачката Рошани од Австралија го сподели својот едноставен рецепт за француски тост со Нутела, кој е готов за само три минути, пренесува Daily Mail. Може да го подготвите за појадок, кога сте во гужва или како десерт со кој ќе уживате во филмот.

Состојки:

Бел леб

Нутела

Јагоди

2 јајца

¼ шоља млеко

5 лажици шеќер

¼ лажичка ванилин шеќер

Цимет

Маргарин

Подготовка:

Исечете ја кората од лебот и израмнете го со сукало. На него намачкајте колку Нутела сакате и ставете ги исечените јагоди. Завиткајте во ролна.

Изматете ги  јајцата, млекото, три лажици шеќер и ванилин шеќер и во посебен сад измешајте го остатокот од шеќерот и малку цимет.

Ролните прво извалкајте ги во изматените јајца, млеко, шеќер и ванилин шеќер.

На крај, извалкајте во мешавината од шеќер и цимет и уживајте!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma