Два ловечки авиони го пресретнале цивилниот авион, кој летал премногу блиску до летната резиденција на американскиот претседател Барак Обама. Во моментот тој бил во резиденцијата.
Цивилниот авион, не одговарал на радио пораките, и ја напуштил зоната за забрането летање. Сличен ваков инцидент се случил и пред точно седум дена, кога Обама исто така бил во Кемп Дејвид. Инаку Кемп Дејвид е на стотина километри од Вашингтон, и претседателите таму обично одат со хеликоптер.