Дали некогаш сте се запрашале што се наоѓа над нас?
Дали ве фасцинираат ѕвезди што паѓаат, дали си замислувате желба?
Постојат многу прашања на кои никогаш не сме добиле одговор, но сепак постојат некои факти, за кои можеби сеуште не сте слушнале.
Земјата е оддалеќена од Сонцето 149 668 992 километри. Да, тоа е многу далеку и подобро така да остане.
Најголемата планета е Јупитер, а најмала е Плутон, која според некои и го изгуби статусот на планета.
Дека Сончевиот Систем е поголем отколку што си замислуваме, кажува и податокот дека покрај Сонцето и планетите, Сончевиот Систем содржи 169 месечини. Многу е простран и во него има многу повеќе од она што сме го виделе или слушнале.
Помеѓу орбитата на Јупитер и Марс се наоѓа астероиден појас во кој се наоѓаат 90.000 астероиди, со големина од 1 метар во дијагонала и до неколку километри ширина.
Нема само нашата Земја атмосфера, односно сите планети ја имаат, дури и некои месечини. Нашата атмосфера е составена во најголем дел од азот и кислород. Венера има густа атмосфера од јаглен диоксид и уште неколку отровни гасови како сумпордиоксид.
Марс има атмосфера составена од јаглендиоксид, додека Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун се големи гасовити планети од хелиум и водород. На Марс се наоѓа најголемиот пронајден вулкан во Сончевиот Систем – Олимпус Монс, широк 81 километар и висок 27 километри.
Што мислите, колку е стар нашиот Сончев Систем? Се смета дека е стар преку 5 милијарди години. Прилично стар.
Планети кои имаат прстени се гасовитите – Нептун, Уран, Сатурн и Јупитер. Некои од овие факти не можете да ги видите со голо око, а замислете си колку ли крие бескрајниот простор над нас.
Некои од овие фантастични факти се откриени пред 10 векови само со посматрање, затоа секој пат кога ќе погледнете кон небото вие можете да научите нешто ново. Можеби и ќе бидете во право.
One comment
3k1x
10 јули, 2011 at 09:51
Дали ве фасцинираат ѕвезди што паѓаат, дали си замислувате желба?????
Ako padne zvezda gotovi sme (: … tie se ogromni