Славниот актер Раде Шербеџија ги извести своите следбеници на Фејсбук дека некој користи лажен профил со неговото име за интернет измама. „Важно, измама“, го наслови тој објавениот пост снимен во Измир каде што отиде на филмски фестивал.
“Драги мои, се чини дека некој направил лажен профил кој е многу сличен на мојот и со моето име и фотографии и ги информира луѓето дека се добитници на награда или бараат пари. Се разбира, тоа нема никаква врска со мене. Но, овие денови повеќе пријатели ме контактираа дека наводно добиле такви пораки од мене. Веројатно ќе заврши наскоро затоа што го пријавив проблемот, но ве молам во меѓувреме споделете го ова мое предупредување дека некој можеби нема да падне на измамници … Јас ви испраќам видео поздрав од Измир “, напиша тој