Кој вели дека нема колегијалност и дружба меѓу пејачите од фолк и поп сцената? Наум и Андреј од ДНК се жив доказ дека не е така и дека иако пеат различни жанрови, дружбата може да им врви како подмачкана. И можеби е пандемија и нема настапи, ама тие двајцата си се дружат по пропис и во ограничено (дозволено) друштво и си пеат за своја душа. За оние што не знаат на Наум омилена му е „Стојам сам“ од ДНК, додека Андреј, како што знае да каже, ужива во секоја изведба на најубавиот глас на домашната сцена.
„Нема песна од Наум или некоја што ќе ја отпее тој да не ми се допаѓа. За неговиот талент нема што да се каже, тој е број еден. Ем пејачиште ем човечиште“, вели Андреј.
Дека дружбата им е погодена, а и нели се вели кога луѓе се дружат почнуваат да наликуваат еден на друг, па имаат и исти желби, размислувања, жив доказ е тоа што и двајцата имаат исто омилено место за јадење. Па ако ги нема низ град, тогаш со гаранција ќе ги најдете во рибниот ресторан Фиш покрај Вардар, каде Наум често знае да го однесе својот улов, па заедно да уживаат во рибините специјалитети. Токму таму неодамна се направени и фотките, и тоа откако Наум фатил крап капиталец, па заедно решиле да го дегустираат. А се знае после добра софра, квалитетна капка, убава песна, оди и по една пура. На здравје, дечки!