Истражувањето спроведено во Велика Британија во кое учествувале 2.000 луѓе покажало дека една третина од нив ја перат постелнината само еднаш годишно!
Експертите предупредуваат дека оваа навика е навистина ужасна бидејќи со текот на времето, на постелнината се собираат бактерии, мали парчиња кожа, грини … Иако ретко перење постелнина е најодвратната навика што се појави во ова истражување, има и други, прилично непријатни.
На пример, се покажа дека 36 проценти од испитаниците ги перат ќебињата еднаш годишно, а 18 проценти од нив толку „често“ ги перат фармерките!
Кога станува збор за крпи, ситуацијата е многу подобра – 40 проценти ги мијат по секоја употреба, а 45 проценти по пет употреби. Д-р Арагон Џузепе вели дека најдобро е да се мие постелнината еднаш неделно, заради оптимална хигиена и здравје. “Редовното перење постелнина и облека е важно за чистотата, но исто така и за здравјето. Ако не го сторите тоа, вие сте изложени на ризик од инфекции или да почнете да мирисате непријатно”, истакна тој.