Пред раскинувањето на нивниот брак, Бред Пит и Анџелина Џоли ја купија куќата „Флер де Миравал“ и сега на пазарот се појавува нивниот нов шампањ од роза, чии први шишиња ќе бидат пуштени во продажба на 15 октомври. Анџелина и Бред го изнајмуваа имотот Шато Миравал на југот на Франција во 2008 година за три години со можност за купување, што на крајот го купија во 2012 година, шпекулирајќи дека цената е околу 60 милиони долари.
На имотот, парот, придружуван од своите шест биолошки и посвоени деца, се венчаа во август 2014 година, но само две години подоцна Анџелина поднесе барање за развод. Иако тие веќе не се официјално брачна двојка, бракоразводната парница сè уште не е завршена, најголемиот спор е околу старателството над децата, но и за поделбата на имотот во кој игра голема улога Шато Миравал
Шампањот со роза Флер де Миравал беше пречекан од експерти со многу позитивни критики. Ограничена количина од 20.000 шишиња ќе се најде во продажба на 15 октомври, а наводно секоја ќе чини 390 американски долари.
И Бред се пофали со новото пенливо вино во август, велејќи дека резултатот е спектакуларен и дека е многу горд на новиот производ. „За мене, шампањот комбинира прослава, квалитет, престиж и луксуз, но шампањот од роза е сè уште релативно непознат“, рече тогаш популарниот актер.