Во текот на целата бременост, Грахам гордо објавуваше провокативни фотографии на социјалните мрежи, како што се оние во долна облека или костим за капење.
Плус сајз манекенката Ешли Греам (32) секој момент го споделуваше со своите следбеници на социјалните мрежи откако го роди синот Исак.
Но, сега таа одлучи да позира без својот син, а многу следбеници беа шокирани од фотографијата на која позира целосно гола. И додека некои коментираат како гордо да го покажат своето тело, други сметаат дека нејзиното однесување е одвратно и некултурно.
– Кога слаба жена ќе објави фотографија на која позира гола, тоа е девојка со сомнителен морал. И кога „пополна“ жена го прави тоа, тогаш луѓето коментираат колку е храбра. Ова е одвратно. Ти си мајка – ова се само некои од коментарите на социјалните мрежи.
Во текот на целата бременост, Грахам гордо објавуваше провокативни фотографии на социјалните мрежи, како што се оние во долна облека или костим за капење. Таа постојано потенцираше колку е важно да се сакате себе си и да го прифатите своето тело.
Таа се здебели 22 килограми за време на бременоста, сепак, тоа не ја погоди Ешли.
„Никогаш не сум се чувствувала подобро и толку сум благодарна што моето тело и мојот син ми дозволија да бидам подвижна и флексибилна како што бев досега“, рече таа тогаш.