Уметничката Охуд Абдалах Алмалки влезе во Гинисовата книга на рекорди затоа што е првата Саудијка што направила слика на мелено кафе на кое му истекол рокот на употреба, соопштено е во Саудиска Арабија.
„Ми требаа 45 дена континуирана работа за да ја завршам сликата, пред две лица, со видео запис и фотографии направени од беспилотно летало“, рече уметничката, која студира право во Џеда, голем пристанишен град на истокот од земјата.
Сликата наречена „Насеј 1“ ги претставува основачите на Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, кралот Абдел Азиз бин Сауд и шеикот Зајед бин Султан ал-Нахајан.
На сликата се прикажани и сегашните лидери на тие две земји, како и саудискиот престолонаследник Мухамед бин Салман.
Сликата опфаќа околу 220 квадратни метри.
Се состои од седум парчиња памук кои се поврзани со мелено кафе.
Уметничката користела 4,5 килограми мелено кафе, на кое му истекол рокот на употреба. Ликовите се во кафеави нијанси, кои ги добила мешајќи кафе со вода.