Видеото, објавено на 22 јули, беше прегледано 13,1 милиони пати на ТикТок и дополнителни 44 милиони пати на Фејсбук.
Баба Дорис се прослави на „ТикТок“, сето тоа благодарение на нејзиниот внук Гиу. Тој започна да објавува смешни видеа во кои следбениците, дури 600.000 од нив, имаат можност да ги видат нејзиниот посебен карактер и личност.
Во особено популарното видео кое е прегледано 57 милиони пати на „ТикТок“ и „Фејсбук“, Дорис се сеќава како го фатила сопругот како ја изневерува и одмаздата што ја подготвила за него и за неговата „пријателка“.
„Дознав дека има друга девојка, па се спријателив со неа. Една вечер, излеговме и решив дека нема да пијам ништо. За разлика од мене, таа се опијани. Кога дојде време да се јаде нешто, таа беше толку пијана што паднала со лицето во храната и така заспа. Потоа се јавив на сопругот и му реков да ја земе својата пријателка – рече Дорис на видеото.
Дорис сподели мноштво детали за нејзиниот живот на социјалните мрежи, вклучувајќи и како имала двајца сопрузи алкохоличари и пет деца, а по нејзиниот втор развод дури работела и три работи за да се грижи за нив.
На крајот таа отвори своја градинка каде клиентите плаќале во зависност од нивниот приход, па дури и нудела бесплатна грижа за децата за сиромашните мајки.