Според верувањето кај Македонците, истурање вода врз лице кое оди на пат или да заврши некоја работа, носи среќа и се прави со цел да се заврши работата или патувањето среќно.
Се практикува и кога се оди на училиште, на испит, разговор за добивање работа, одење во војска и слично. Еден од најстарите ритуали е повикувањето на среќата што ја знае нашата традиција.
Етнолозите сметаат дека истурената, т.е проточна вода ја симболизира подвижноста, леснотијата на движење, дека не застанува и не заглавува и дека со истурањето на вода се чини дека нечија работа ќе помине непречено како истурената вода.
Во прилог на ова тврдење на етнолозите се и зборовите што се изговараат при излевање на вода и кои се запишани во некои области.
На самиот чин на истурање вода, треба да се каже: “Нека да оди чисто и бистро како вода!”